• ACTIVES / СЕРУМ СО ВИТАМИН Е ВО СКВАЛАН - 30 МЛ.

    Код за нарачка: 4603739666699

    ПОДМЛАДУВАЊЕ • ХРАНЕЊЕ
    СКВАЛАН • МЕШАВИНА ОД ТОКОФЕРОЛИ

    Биокозметички ефект: Содржи мешавина од токофероли - биолошки активни супстанции, комбинирани во група на витамин Е. Покрај витаминската активност, токоферолите се исто така силен природен антиоксидант, кој спречува липидна пероксидација, со деактивација на слободните радикали на масните киселини, заштитувајќи ги липидните структури на клетките од оштетување. Составот на токоферолите ја стимулира активноста на ензимите поврзани со процесот на детоксикација. Токоферолите ги неутрализираат слободните радикали, го стимулираат процесот на оксигенација на ткивата, го неутрализираат дејството на редуктазите. Нивниот главен ефект е подмладување, успорување на процесот на стареење и корекција на акни и себореа.

    Овозможува целосна грижа: хранење, хидратација, заштита и обновување на кожата;  има моќно антиоксидантно својство, го успорува процесот на стареење, ја намалува длабочината на брчките и го спречува нивното формирање. Има способност да пенетрира длабоко во кожата и да изврши ефект на ниво на дермисот, а не само на епидермисот.

    Индикации (наменето за): Погоден за сензитивна кожа и за кожа околу очите. Се користи за нега на деликатна бебешка кожа и се препорачува за сува, лесно иритантна и кожа која е хиперсензитивна на козметика.

    Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.

    Пропратни ефекти: Не се идентификувани.

    % состојки од органско потекло

    100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Се користи како активна состојка и како независен производ. Нанесете на лицето со нежни кружни движења.

    Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.

    СОСТОЈКИ (INCI): SQUALANE, TOCOPHEROL. 

     

  • ACTIVES / СЕРУМ СО ВИТАМИН Ц 13 % - 30 МЛ

    Код за нарачка: 4603739874483

    ЕЛАСТИЧНОСТ • ТОНИРАЊЕ
    ВИТАМИН Ц • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • МАСЛО ОД РОЗА

    Биокозметички ефект: Аскорбинската киселина е силен намалувачки агенс, според тоа, може да спречува меланогенеза. Дополнителна предност на препаратите со аскорбинска киселина е нивната способност да ја стимулираат синтезата на колаген во кожата. Истовремено, аскорбинската киселина е еден од најмоќните природни антиоксиданти. Оваа супстанца може да дејствува како снабдувач на електрони инволвирани во неутрализација на слободните радикали и да ги заштити меѓуклеточните структури од оксидативниот стрес.

    Стабилни форми на аскорбинска киселина се користат за избелување на пеги и подобрување на состојбата на стареење на кожата со пигментирани дамки. Како антиоксиданс, аскорбинската киселина се бори против слободните радикали, обновувајќи ја пигментацијата на кожата по изложеност на сончева светлина. Има посебна улога во синтезата на колаген и го спречува предвременото стареење на клетките на кожата. Високата проценка за клиничката ефикасност, укажува на тоа дека кожата на лицето станува се повеќе нежна, измазнета и еластична, а, тенот е изедначен. Високо концентриран до 13%, серумот може да се додаде во други козметички производи за да ги збогати со витамин Ц.

    Екстрактите од чага, моркови и подбел, имаат антивоспалителни и ефекти за лекување на раните, го олеснуваат воспалението и ги стеснуваат порите на лицето.

    Индикации (наменето за): Се препорачува за кожа со нагласени дамки на старост, или со нестабилна пигментација од надворешни влијанија, како и за кожа во стареење.

    Контраиндикации: Препаратите што содржат киселина и агенсите за белење на основа на аскорбинска киселина може да ја иритираат чувствителната кожа. Индивидуална нетолеранција на компонентите на производот.

    Пропратни ефекти: Иритација, сувост, црвенило.

    % состојки од органско потекло

    100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Се користи како биолошки активен агенс, или како препарат за збогатување на други агенси со витамин Ц. Користете со претпазливост на лицето. Распределувајте се до целосно впивање. Во случај на чувство на печење, или други болни, или неугодни сензации, исплакнете со вода.

    Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, GLYCERIN, ASCORBYL GLUCOSIDE, ROSA CANINA OIL, SODIUM HYALURONATE, BENZOIC ACID, INONOTUS OBLIQUUS EXTRACT, DAUCUS CAROTA EXTRACT, TUSSILAGO FARFARA EXTRACТ.



  • ACTIVES / СЕРУМ СО ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА 3,0 % - 10 МЛ.

    Код за нарачка: 4603739875503

    ХИДРАТАЦИЈА • СМИРУВАЊЕ
    ТРИ ТИПА НА ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • ГЛИЦЕРИН • СОК ОД АЛОЕ ВЕРА

    Биокозметички ефект: Серумот содржи три типа хиалуронска киселина, со различна молекуларна тежина: ниска, средна и висока молекуларна тежина. Ниско-молекуларната хиалуронска киселина лесно пенетрира во внатрешните слоеви на епидермисот, формира хидрокомплекс со водните молекули, спречувајќи дехидратација и меѓуклеточна компресија. Виоско-молекуларната хиалуронска киселина има различна функција, имено, креира матрица на површината на кожата, повлекувајќи влажност од воздухот, креирајќи ефект на инстантно поткревање. Регуларното повторување на хидрофобичките региони во макромолекулите на хиалуронската киселина, овозможува интеракција со клеточните мембрани и хидрофобичките типови на протеин. Ова својство е од голема важност за обезбедување клеточна подвижност. Хиалуронската киселина е вклучена во контрола на процеси, како регенерација и обнова на ткивата.

     

    Индикации (наменето за): Наменето за секојдневна нега за сува, дехидрирана и кожа во стареење.

    Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.

    Пропратни ефекти: Нема, бидејќи хиалуронската киселина е природна супстанца која ја произведуваат човечките клетки. Овој серум се препорачува да се користи на било која возраст, без никаков ризик по здравјето.

     

    % состојки од органско потекло

    100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Овој козметички производ е наменет за самостојна употреба, директно на кожата и исто така како активна компонента во други козметички производи (додадете 2-3 капки во било кој производ за нега на кожа). Погоден за кожата околу очите.

    Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.

    СОСТОЈКИ (INCI): АQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, GLYCERIN, SODIUM HYALURONATE, XANTHAN GUM, BENZOIC ACID.

  • ACTIVES / СЕРУМ СО ''ECTOIN'' 1,0 % - 30 МЛ.

    Код за нарачка: 4603739666750

    ЗАШТИТА • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
    ECTOIN • МАСЛО ОД КАЈСИЈА • ЕКСТРАКТ ОД СИБИРСКИ ЖЕНШЕН

    Биокозметички ефект: Цикличната амино киселина –ектоин (1,4,5,6-тетрахидро-2-метил-4-пиримидин карбоксилат) е универзален биозаштитник на протеини, нуклеински киселини и цели клетки. Поради способноста да “привлече” водни молекули, ектоинот остварува силна врска со нив, формирајќи заштитен слој. Хидрослојот ги стабилизира мембраните на клетките и ги заштитува од оштетување, предизвикано од агресивните надворешни фактори.

    Активна концентрација од 1% ектоин, помага да се одржи кожата хидрирана долг период, се до крајот на самиот лек. Елиминира црвенила на кожата предизвикани од егзема, алергии и иритации, ја зголемува отпорноста на бариерата на кожата на уништувачките надворешни влијанија и на физиолошко ниво ја измазнува кожата на лицето и околуочниот предел, во поглед на сите знаци на стареење.

    Индикации (наменето за): Нега на кожа склона на воспаленија, склона на стрес и неговите ефекти, како и за избледена, сува и дехидрирана кожа.

    Контраиндикации: Можна е индивидуална интолеранција на компоненти на произвзодот.

    Пропратни ефекти: Не е препорачана секојдневна употреба. Кај хиперсензититвна кожа, можна е појава на привремено црвенило, или иритација.

    % состојки од органско потекло

    100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Овој козметички производ е наменет за самостојна употреба до 4 пати неделно. Нанесете на целото лице, или делови од него. Користете внимателно на околуочниот предел и не повеќе од 2 пати неделно. Нанесете и распределете до целосно впивање.

    Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, GLYCERIN, ECTOIN, BETAINE, XANTHAN GUM, PRUNUS ARMENIACA KERNEL OIL, BENZOIC ACID, VACCINIUM VITIS-IDAEA EXTRACT, TRIFOLIUM EXTRACT, ELEUTHEROCOCCUS SENTICOSUS EXTRACT.

     

  • ACTIVE SOLUTIONS ''ACID'' / ЕКСФОЛИРАЧКИ ПИЛИНГ ОД КИСЕЛИНИ - 100 МЛ.

    Код за нарачка: 4603766014029

    ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • РЕГЕНЕРАЦИЈА
    АЗЕЛАИЧНА КИСЕЛИНА • САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА • АЛФА ХИДРОКСИЛНИ КИСЕЛИНИ

    Концентриран и високоефикасен хемиски пилинг специјално наменет за лице. Тој содржи активен раствор од алфа хидроксилни киселини (AHA), кои овозможуваат кератолитичко дејство, ефикасно ексфолирајќи ги мртвите честички на епидермисот и овозможувајќи регенерација на кожата. Салицилната (BHA) и азелаичната киселина ја балансираат работата на лојните жлезди, го оптимизираат киселинско-базниот баланс на кожата, ги прочистуваат порите и спречуваат појава на акни.

    Биокозметички ефект: Нискиот вискозитет на пилингот овозможува да се зголеми биорасположливоста на состојките од истиот, внесената дифилна компонента создава обвивка на површината на кожата, зголемувајќи го времетраењето на дејството на активните состојки и заштитува од надворешните фактори.

    Алфа хидроксилните киселини (AHA) го ексфолираат кератинизираниот слој на епидермисот, ја стимулираат регенерацијата на кожата, како и синтезата на колагенот, еластинот и хиалуронската киселина. Имаат хидратантно ствојство, ја зголемуваат затегнатоста и еластичноста на кожата, го продолжуваат младешкиот изглед на кожата, ја осветлуваат и овозможуваат антиоксидантна заштита.

    Бета хидроксилните киселини (BHA) ги раствораат мастите, што овозможува да се отворат порите и да се исчистат од вишокот на себум, кој често предизвикува бактериски инфекции и воспаленија кај проблематичните типови на кожа.

    Азелаичната киселина спречува појава на акни и комедони, влијае на активноста на меланоцитите и го изедначува тенот на кожата, вклучувајќи ја и пигментацијата како резултат на флеки од акни.

    Индикации (наменето за): Мрсна кожа, сува кожа, акни, флеки од акни, пигментација како резултат на флеки од акни.

    Контраиндикации: Преосетливост на кожата, нетолеранција кон состојките на производот.

    Пропратни ефекти: Како резултат на дејството на киселините на лицето, можна е привремена појава на црвенило.

    25% состојки од органско потекло

    100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Пред употреба протресете го шишето сѐ до појавување на хомогена бела емулзија. Нанесете со помош на вата на целото лице и вратот или на проблематичните делови од лицето пред употреба на крема или серум. Избегнувајте го делот околу очите. Количината зависи од потребата. Не се препорачува почеста употреба од еднаш дневно, како и употреба по друг хемиски или механички пилинг.

    Да се чува на суво и темно место, на температура од +5°C до +25°C.

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*, PENTYLENE GLYCOL, GLYCERIN, GLYCERYL CAPRYLATE, AZELAIC ACID, SALICYLIC ACID, LACTIC ACID, CITRIC ACID, L-ARGININE, CARRAGEENAN, BENZOIC ACID.

    (* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

     
  • ACTIVES / СЕРУМ СО ''AHA'' КИСЕЛИНА 5,1% - 30 МЛ.

    Код за нарачка: 4603739874537

    ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • РЕГЕНЕРАЦИЈА
    АЛФА ХИДРОКСИЛНИ КИСЕЛИНИ • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • СОК ОД АЛОЕ ВЕРА

    Биокозметички ефект: Алфа хидроксилните киселини (AHA-Alpha Hydroxyl Acids)  го ексфолираат кератинизираниот слој на епидермисот, стимулираат регенерација на кожата и синтеза на колаген, еластин, хиалуронска киселина и церамиди. Ја навлажнуваат кожата, ја зголемуваат  цврстината и еластицитетот, го одржуваат нејзиниот младешки изглед, ја осветлуваат и обезбедуваат антиоксидантна заштита.

    Штом навлезат во меѓуклеточниот простор, алфа хидроксилните киселини ги уништуваат протеинските десмозомни мостови помеѓу клетките, ја ослабуваат адхезијата (слепување) на корнеоцитите кои се хоризонтални едни на други и на основните слоеви на епидермисот. Ова води до намалување на компактноста на стратум корниумот, побрзо движење на кератиноцитите кон површината и ефективна ексфолијација на кератинизираните не-нуклеарни клетки. На тој начин, дебелината на стратум корниумот се намалува и се стимулира процесот на диференцијација и обновување на епидермисот. Додатно, предизвикувајќи забрзана ексфолијација на стратум корниумот, алфа хидроксилните киселини можат да стимулираат формација на сигнални молекули (цитокини), кои се одговорни за активирање и имплементирање на про и антивоспалителни реакции на целиот организам.

    Хиалуронската киселина е типичен полисахарид, потребен за одржување на нормален баланс на вода во човечката кожа, кој ја одржува кожата хидрирана подолг период.

     

    Индикации (наменето за): Груба, проблематична, мрсна кожа, склона на воспалувања и комедони; кожа во стареење.

    Контраиндикации: Оштетена, истенчена, хиперсензитивна површина на кожата, алергиски осипи. Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.

    Пропратни ефекти: Со прекумерна, или пречеста употреба, можни се црвенила, сувост и иритации на кожата.

    % состојки од органско потекло

    100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете како самостоен козметички производ. Пред употреба, нежно исчистете го лицето со специјално средство за отстранување шминка, или миење. Нанесете на проблематичните делови од лицето.

    Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, GLYCERIN, XANTHAN GUM, LACTIC ACID, CITRIC ACID, MAINS DOMESTICA BORKH EXTRACT, BETAINE, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL, SODIUM HYALURONATE, BENZOIC ACID.

     

     

  • DETOX / MOJI’DETOX МАСКА ЗА ЛИЦЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ – 20 МЛ.

    Код за нарачка: 3770002306420

    РЕГЕНЕРАЦИЈА • ДЕТОКСИФИКАЦИЈА • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
    ДИЊА • ДИВ МОРКОВ • FUCOCERT®

    Хидратантна маска за лице составена од органски и биоразградлив памук и органска диња. Доволни се само 10 минути за да уживате во придобивките на оваа маска која е одличен противник на загадувањето. Напорната работа, загаденоста низ градскиот метеж, дневниот стрес имаат голема негативна улога врз вашата кожа. Moji’detox е одличното решение за детоксификација и освежување на вашето прекрасно лице! Детоксификацијата се состои од неколку фактори: клеточна регенерација, заштита од стрес од животната средина и хидратација на кожа која е склона на испукување. Благодарение на активните концентрати кои се добро познати по детоксификација, хидратација, регенерација и смирување вашата кожа ќе го добие сјајот кој го заслужува.

     

    Активни состојки:

    • Органска диња. Со 90% вода во нејзиниот состав, ја хидрира кожата и стимулира клеточна регенерација.
    • Лимонов балсам со смирувачко, anti-ageing и детоксифицирачко дејство.
    • Fucocert ® со патентирани природни активни состојки. Одличен хидратант составен од ферментиран шеќер.
    • Див морков, крал на детоксификацијата. Ги отстранува дамките на лицето, ја ревитализира и регенерира изнемоштената кожа.

     

    45% состојки од органско потекло

    99% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

     

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете ја на чиста, сува кожа. Оставете ја 10 до 15 минути и измијте го вашето лице.

    СОСТОЈКИ(INCI) : AQUA (WATER) ● GLYCERIN ● ACTINIDIA CHINENSIS (KIWI) FRUIT WATER ● CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE ● LEUCONOSTOC/RADISH ROOT FERMENT FILTRATE ● POLYGLYCERYL-10 ISOSTEARATE ● PARFUM (FRAGRANCE) ,XANTHAN GUM ● PRUNUS PERSICA (PEACH) FRUIT EXTRACT ● FAGUS SYLVATICA BUD EXTRACT ● SODIUM HYALURONATE ● SODIUM PHYTATE – SODIUM DILAURAMIDOGLUTAMIDE LYSINE ● CITRIC ACID ● BENZYL ALCOHOL ● BIOSACCHARIDE GUM ● SODIUM LEVULINATE ● GLYCERYL CAPRYLATE ● SODIUM ANISATE ● ALCOHOL ● BENZOIC ACID

     

     

  • FIRST WRINKLES / DAÏQUI’RIDES ANTI-AGEING МАСКА ЗА ЛИЦЕ – 20 МЛ.

    Код за нарачка: 3770002306451

    ОМЕКНУВАЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА • РЕГЕНЕРАЦИЈА
    КИВИ • ДУЊА • OSILIFT® • ХИБИСКУС

    Хидратантна маска за лице составена од органски и биоразградлив памук и органско киви. Доволни се само 10 минути за да уживате во придобивките на оваа маска која ги спречува првите брчки на вашето лице. Создадена за рапава и сува кожа, Daiqui’ride интезивно ја омекнува и хидрира вашата кожа. Одлично служи како база на шминка , органското киви ја става во сенка измореноста околу вашите очи, патентираната состојка Osilift ја омекнува, хибискусовиот цвет ја храни и заштитува додека брусницата ја заштитува и регенерира вашата кожа.

    Активни состојки:

     

    • Органско киви, богато со витамин Ц и Е, има одличен anti-age ефект.
    • Органска дуња, регенерира и ја балансира хидратацијата на вашата кожа.
    • Osilift® патентирана активна состојка составена од органски јаткасти плодови, ја омекнува вашата кожа
    • Хибискусов цвет интензивно ја хидрира, храни и заштитува кожата од први брчки

    45% состојки од органско потекло

     

    99% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете ја чиста, сува кожа. Оставете ја 10 до 15 минути и измијте го вашето лице.

     

    СОСТОЈКИ(INCI) : AQUA (WATER) / CYDONIA OBLONGA FRUIT WATER ● ACTINIDIA CHINENSIS (KIWI) FRUIT WATER ● GLYCERIN ● LEUCONOSTOC/RADISH ROOT FERMENT FILTRATE ● CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE ● XANTHAN GUM ● POLYGLYCERYL-10 ISOSTEARATE ● HIBISCUS SABDARIFFA FLOWER EXTRACT ● VACCINIUM MACROCARPON (CRANBERRY) FRUIT EXTRACT ● PARFUM (FRAGRANCE) ● SODIUM PHYTATE ● AVENA SATIVA (OAT) KERNEL EXTRACT ● SODIUM DILAURAMIDOGLUTAMIDE LYSINE ● BENZYL ALCOHOL ● CITRIC ACID ● SODIUM BENZOATE ● DEHYDROACETIC ACID ● ALCOHOL ● POTASSIUM SORBATE ● OPUNTIA FICUS-INDICA STEM EXTRACT -OPUNTIA FICUS-INDICA CALLUS CULTURE EXTRACT

     

     

  • ANTI-OXIDANT / SEX ON THE PEACH МАСКА ЗА ЛИЦЕ ЗА УМОРНА КОЖА – 20 МЛ.

    Код за нарачка: 3770002306444

    РЕГЕНЕРАЦИЈА • ХИДРАТАЦИЈА • ЗАШТИТА
    ПРАСКА • ПУПКИ ОД БУКА • FUCOCERT®

    Хидрантна маска за лице на база на праска, направена од органски и биоразградлив памук. Идеална за бледа и уморна кожа. Sex on the Peach е антиоксидантен коктел, кој ѝ помага на кожата да се справи со урбаниот стрес, преку нејзините хидрирачки, регенерирачки и заштитни својства. Нема потреба да ги користите Вашите слободни денови за да изгледате одморено: Вашата кожа ќе изгледа како да сте се вратиле од релаксирачко патување, благодарние на специјално одбраните активни состојки. Органската праска е природен антиоксиданс, кој ја штити кожата и има омекнувачки и обновувачки својства, истовремено подобрувајќи ја нејзината еластичност.

    АКТИВНИ СОСТОЈКИ:

    Органска праска, која ја штити кожата и има омекнувачки и обновувачки дејства, доека истовремено ја подобрува еластичноста на кожата;

    Органскoто киви е богатo со витамините Ц, Д и Е, кои ѝ даваат виталност на сувата и изморена кожа. Оваа состојка исто така има и регенерирачки својства;

    Пупките од бука ја стимулираат регенерацијата, се борат против брчките и помагаат во одржување на здрава и хидрирана кожа!

    45% состојки од органско потекло

    99% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете ја маската на чиста и сува кожа. Оставете ја 10 до 15 минути, а потоа измијте го вашето лице.

     СОСТОЈКИ(INCI) : AQUA (WATER), GLYCERIN, ACTINIDIA CHINENSIS (KIWI) FRUIT WATER*, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE, LEUCONOSTOC/RADISH ROOT FERMENT FILTRATE, POLYGLYCERYL-10 ISOSTEARATE, PARFUM (FRAGRANCE), XANTHAN GUM, PRUNUS PERSICA (PEACH) FRUIT EXTRACT*, FAGUS SYLVATICA BUD EXTRACT*, SODIUM HYALURONATE, SODIUM PHYTATE, SODIUM DILAURAMIDOGLUTAMIDE LYSINE, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, BIOSACCHARIDE GUM-1, LIMONENE, LINALOOL, SODIUM LEVULINATE, BENZYL SALICYLATE, GLYCERYL CAPRYLATE, SODIUM ANISATE, ALCOHOL, BENZOIC ACID.

    (* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

     



  • RADIANCE & ENERGY / SUCRÉ FRAPPÉ 2 ВО 1 МАСКА И ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ – 75 МЛ.

    Код за нарачка: 3770002306147

    ЧИСТЕЊЕ • ТОНИРАЊЕ • РЕГЕНЕРАЦИЈА
    КРАСТАВИЦА • ГРЕЈПФРУТ • МЕД ОД ПРОВАНСА

    2 во 1 маска и пилинг со органски грејпфрут кој ја ексфолира и прочистува вашата кожа во два чекори, оставајќи го вашето лице сјајно! Дајте и на вашата кожа нов почеток, се додека и се препушта на цитрусната сесија за нега.

    - Користете како маскамасло од розвев грејпфрутмед и екстракт од краставица кои ја прочистуваат, тонираат, навлажнуваат и обновуваат вашата кожа!

    - Користете како пилинг: ослободете се од мртвите клетки благодарение на ексфолирачката моќ на гранулите од кајсија кои ќе помогнат да го ослободите вашето лице од секојдневни нечистотии, многу лесно!

    77,68 % состојки од органско потекло

     

    100 % состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО СЕ КОРИСТИ: Нанесете на чиста, сува кожа еднаш, или два пати неделно. Оставете да делува 5 минути, потоа нежно масирајте со кружни движења. Исплакнете со чиста вода: маската се претвора во млеко, кога ќе дојде во контакт со вода! Избришете го вашето лице, погледнете се во огледало и можете да одите да ги направите вашите пријатели љубоморни на вашиот неверојатен сјај!

    СОСТОЈКИ (INCI): HELIANTHUS ANNUUS HYBRID OIL*, GLYCERIN, AQUA, SUCROSE LAURATE, PRUNUS ARMENIACA SEED POWDER*, HELIANTHUS ANUUS SEED OIL*, SUCROSE PALMITATE, MEL*, CITRUS PARADISI FRUIT EXTRACT*, CUCUMIS SATIVUS FRUIT EXTRACT*, PARFUM , TOCOPHEROL, SODIUM LEVULINATE, SODIUM ANISATE, LEUCONOSTOC/RADISH ROOT FERMENT FILTRATE, CITRIC ACID, GLYCINE SOJA OIL, BETA-CAROTENE, SODIUM CITRATE, LIMONENE, CITRAL.

     

    (* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

     

  • FIRST WRINKLES / DANSE DE LA PLUIE ОВОШЕН ВОДЕН СЕРУМ ПРОТИВ ПРВИ БРЧКИ – 120 МЛ.

    Код за нарачка: 3770002306284

    ПРОТИВ БРЧКИ • ОСВЕЖУВАЊЕ • РЕГЕНЕРАЦИЈА
    СМОКВА • ХАМАМЕЛИС • ЛИМОНОВ БАЛСАМ

    На база на органска смоква, овој серум против брчки ја хидрира, омекнува и тонира вашата кожа. Носете го во вашата ташна за во секој момент да се освежите!

     

    АКТИВНИ СОСТОЈКИ:

    Лимоновиот балсам и водата од роза го освежуваат и даваат сјај на вашето лице;

    Ефективно го заштитува лицето од појава на први брчки благодарение на хидратантните моќи на органската смоква;

    Органски тоник од хамамелис кој ја разубавува вашата кожа;

    Патентирана активна состојка Pentavin® ја регенерира вашата кожа;

    Хиалуронската киселина ја омекнува и длабоко ја хидрира вашата кожа.

    45% состојки од органско потекло

    100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Држете го на 30 см. оддалеченост и прснете на вашето лице неколку пати. Оставете го да се упие во кожата. Погоден и препорачлив за секојдневна употреба.

    СОСТОЈКИ(INCI) : AQUA (WATER), ROSA DAMASCENA FLOWER WATER*, GLYCERIN, HAMAMELIS VIRGINIANA (WITCH HAZEL) LEAF WATER*, MELISSA OFFICINALIS FLOWER/LEAF/STEM WATER*, FICUS CARICA (FIG) FRUIT WATER*, LEUCONOSTOC/RADISH ROOT FERMENT FILTRATE, POLYGLYCERYL-4 CAPRATE, SACCHARIDE ISOMERATE, RIBES NIGRUM (BLACK CURRANT) LEAF EXTRACT*, PARFUM (FRAGRANCE), PHENETHYL ALCOHOL, SODIUM HYDROXIDE, SODIUM HYALURONATE, CITRIC ACID, SODIUM CITRATE.

    (* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

     

     

  • [IM]PERFECTION / AFTER DATE МИЦЕЛАРЕН ГЕЛ ЗА ЧИСТЕЊЕ ЛИЦЕ - 200 МЛ.

    Код за нарачка: 3770002306338

    ЧИСТЕЊЕ • СМИРУВАЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
    КЛЕМЕНТИНА • РУЗМАРИН • АЛОЕ ВЕРА

    Овој 2 во 1 мицеларен гел, создаден од органски клементини, ја прочистува кожата и природно ја отстранува шминката со еден едноставен чекор. Истовремено After Date гелот ја хидрира, смирува и ѝ дава мат ефект на кожата. Благодарение на неговата текстура и цитрусен мирис, кожата ќе ви биде чиста и свежа. Наскоро ќе почнете да излегувате навечер, само за да можете потоа да го употребите овој гел. :)

    АКТИВНИ СОСТОЈКИ:

    • Го создадовме овој гел на база на органски клементини, кои се богати со прочистувачки својства.
    • Рузмаринот го регулира вишокот на себум и ги одзатнува порите.
    • Благодарение на концентрацијата на алое вера во составот, гелот инстантно ја хидрира, смирува и регенерира кожата.

    20,55% состојки од органско потекло

    99,79% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесувајте наутро и навечер на сува кожа, со нежна масажа. За уште подобри резултати, да се користи во комбинација со производите Perfect Selfie и #NoFilter од истата линија.

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, GLYCERIN, DAUCUS CAROTA SATIVA SEED EXTRACT*, POLYGLYCERYL-4 CAPRATE, PSEUDOTSUGA MENZIESII WATER*, ROSMARINUS OFFICINALIS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, SODIUM CITRATE, XANTHAN GUM, CITRUS PARADISI FRUIT WATER*, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER*, CITRUS CLEMENTINA FRUIT EXTRACT*, CHONDRUS CRISPUS, GLUCONOLACTONE, CITRIC ACID, LEVULINIC ACID, BENZYL ALCOHOL, ARGININE, PARFUM, SODIUM LEVULINATE, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, LIMONENE, CITRAL.

    (* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

     

     

  • DETOX / BELLE PLANTE МИЦЕЛАРНА ВОДА - 400 МЛ.

    Код за нарачка: 3770002306352

    ЧИСТЕЊЕ • ДЕТОКСИФИКАЦИЈА • ХИДРАТАЦИЈА
    МОРКОВ • ГРЕЈПФРУТ • ВОДА ОД ЛИМОНОВ БАЛСАМ

    Мицеларна вода за отстранување шминка со органски морков, кој нежно отстранува шминка и детоксифицира уморна кожа. Во урбана животна средина, шминката не е единственото нешто што едвај чекаме да го отстраниме кога ќе стигнеме дома: загадување, стрес (градникот исто така, но тоа е друга приказна..)

    Благодарение на активните природни состојки, Belle Plante ефективно ги отстранува сите траги од шминка, оставајќи ја вашата кожа чиста и свежа, истовремено елиминирајќи ги наталожените токсини. Ослободете се од безживотната и сува кожа и започнете да се чувствувате свежи како маргаритка.

    - Органскиот морков ја ревитализира и регенерира дури и најуморната кожа.

    - Органскиот грејпфрут кој има висока концентрација на Ц витамин ја детоксифицира и прочистува вашата кожа, оставајќи ја сјајна.

    - Смирувачката органска вода од балсам од лимон е одличен тоник за кожата.

    - Патентираната активна, природна, морски-базирана состојка Atoligomer® ја навлажнува кожата и ефективно помага да се регенерира и надополни со минерали.

    21,98% состојки од органско потекло

    99,79% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО СЕ КОРИСТИ: Нанесете на целото лице користејќи вата (може да се нанесува и на околуочниот предел). Комплетирајте ја вашата детоксифицирачка рутина со нанесување на Miss Sunshine детоксифицирачкиот гел, направен од органска диња.

    СОСТОЈКИ(INCI): AQUA, MELISSA OFFICINALIS FLOWER/LEAF/STEM WATER*, GLYCERIN, DAUCUS CAROTA SATIVA SEED EXTRACT*, CITRUS PARADISI FRUIT WATER*, DECYL GLUCOSIDE, SODIUM CITRATE, CHLORELLA VULGARIS EXTRACT, MARIS SAL, GLUCONOLACTONE, CITRIC ACID, LEVULINIC ACID, SODIUM BENZOATE, ARGININE, PARFUM, SODIUM LEVULINATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SILICA.

    (* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

     

     

  • RADIANCE & ENERGY / FRIMOUSSE ПЕНА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ – 125 МЛ.

    Код за нарачка: 3770002306048

    ЧИСТЕЊЕ • ОМЕКНУВАЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
    ВОДА ОД ДОМАТ • ГРЕЈПФРУТ • ВОДА ОД ЛИМОНОВ БАЛСАМ

    Пена за чистење составена од органски домат и грејпфрут со прекрасен цитрусен мирис ги отстранува нечистотиите и ја освежува вашата кожа.

    Активни состојки:

    • Органски домат кој нежно ги отстранува нечистотиите и ја омекнува кожата
    • Вашата кожа се регенерира и освежува благодарение на моќите на органската вода од грејпфрут
    • Органскиот лимонов балсам и природниот глицерин перфектно ја хидрираат сензитивната кожа

    45% состојки од органско потекло

    99,59% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете ја пената на вашето лице наутро и навечер, избегнувајќи ги очите. Оставете ја да делува 1 минута и исплакнете. Уживајте во резултатите!  

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER), MELISSA OFFICINALIS FLOWER/LEAF/STEM WATER*, GLYCERIN, DECYL GLUCOSIDE, SODIUM CHLORIDE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, CITRUS PARADISI (GRAPEFRUIT) FRUIT WATER*, SOLANUM LYCOPERSICUM (TOMATO) FRUIT WATER*, BENZYL ALCOHOL*, LEVULINIC ACID, COCO-GLUCOSIDE, GLYCERYL OLEATE, SODIUM LEVULINATE, PARFUM (FRAGRANCE), CITRIC ACID, DEHYDROACETIC ACID, CAMELINA SATIVA SEED OIL*, LIMONENE.

    (* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

     

     

  • SENSIBLE SKIN / YOL’EAU ХИДРАТАНТЕН ГЕЛ ЗА ЛИЦЕ ЗА СЕНЗИТИВНА КОЖА – 40 МЛ.

    Код за нарачка: 3770002306581

    ХИДРАТАЦИЈА • РЕГЕНЕРАЦИЈА • СМИРУВАЊЕ
    КРАСТАВИЦА • ХИДРОЛАТ ОД РОЗА • АЛОЕ ВЕРА • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

    Yol’eau е хидратантен гел со органска краставица, специфично дизајниран за сензитивна, атопична и реактивна кожа. Неговата освежувачка гел текстура и внимателно одбрани состојки како цветни води, алое вера и краставица, ќе ја смират и хидрираат вашата кожа. Се погриживме секоја состојка од формулата да е што е можно понеутрална, за да не предизвикува воспаленија кај интолерантна кожа.

    Сензитивност кај кожата може да предизвикаат следниве причини: загаденост, стрес, генетика, преабразивна козметика итн.

    Хидролипидниот слој на кожата – главниот штит против воспаленија – ослабува, правејќи ја кожата ранлива. Како резултат, тој екстремно реагира на надворешни стресови: мала промена во температурата, може да стане вистинско тешко искуство. Црвенило, затегнатост, изгореници, лушпеста кожа (тој прекрасен термин, кој се користи кога кожата наеднаш почнува да се лупи, без буквално било каква причина!) итн.
    Исто така треба да се внимава и да се избегнува козметика која содржи хемикалии, или агресивни состојки: алкохол, сулфати, сурфактанти, синтетички есенцијални масла и фрагранции, кои само ги влошуваат симптомите на веќе ослабена кожа.

    Со ова на ум, гелот се состои од хидратантни, регенеративни, смирувачки и антииритантни активни состојки, како и дерматолошки тестирани на луѓе со сензитивна кожа. Како студент за пример, Yol’eau го помина тестот со разлика: добивајќи > 0 за реакција, без ниту еден од учесниците да искуси реакција (48ч оклузивен тест). Формулиран е со 99,5% природни состојки и повеќе од 50% од неговиот состав е органски! Додатно, неговата нежна миризба е природно добиена од создавачите на парфеми во Грасе, јужна Франција (органски сертифицирана фрагранција).

     YOL’EAU ВОДНИ МОЌНИ СОСТОКИ:
    - Органска краставица, со регенеративни, освежувачки и лековити својства. Богата со вода, помага да се заштити кожата благодарение на антиоксидантните ефекти. Добро толерирана од кожата, често се користи за да смири иритирана, или оштетена кожа.
    - Трио од цветни води (роза – невен – бел слез) со смирувачки, тонирачки и антивоспалувачки квалитети. Водата од роза особено се препорачува за сензитивна кожа благодарение на нејзините лекувачки квалитети, како и невенот и белиот слез, кои често се користат од фармацевтите за да смират воспаленија. Оваа вода за убавина исто така ја измазнува кожата и го остава вашиот тен со тониран и сјаен изглед.
    - Два типа на хиалуронска киселина: присуството на хиалуронска киселина, кое природно го има во нашата кожа, се намалува со стареењето. Таа гарантира кожа со одличен изглед; подобрува еластицитет, волумен и повеќе. Како таква, ја направивме YOL’EAU користејќи хиалуронска киселина со две различни молекуларни тежини: првата останува на површината на кожата за да ја зајакне нејзината природна бариера, помагајќи да ја задржи водата и да ја подобри хидратацијата на кожата. Може да задржи до 1000 пати повеќе вода, од сопствената тежина. Другата се инфилтрира во епидермисот за да ја третира кожата одвнатре, враќајќи го комфортот и затегнатоста.
    - Алое вера, вистинска рок ѕвезда кога станува збор за сензитивна кожа. Нанесено директно на кожата за да третира изгореници и изгореници од сонце, има антивоспалителни и смирувачки својства. Содржи витамини, микронутриенти и аминокиселини. Тој е моќен хидрататор (помага да се задржи вода) и го обновува волуменот и ја омекнува кожата. Збогатен со антиоксиданти, исто така се бори со стареењето.

    50,45% состојки од органско потекло

    100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО СЕ КОРИСТИ: Нанесете го наутро или навечер на чисто лице. 

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER), CALENDULA OFFICINALIS FLOWER WATER*, GLYCERIN, ROSA DAMASCENA FLOWER WATER*, ERYTHRITOL, SODIUM CITRATE, CUCUMIS SATIVUS (CUCUMBER) FRUIT EXTRACT*, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER*, MALVA SYLVESTRIS (MALLOW) FLOWER EXTRACT*, HYDROLYZED HYALURONIC ACID, GLUCONOLACTONE, SODIUM GLUCONATE, SODIUM LACTATE, SCLEROTIUM GUM, PARFUM (FRAGRANCE), SODIUM BENZOATE, SODIUM BENZOATE, CITRIC ACID, CYAMOPSIS TETRAGONOLOBA (GUAR) GUM, XANTHAN GUM, PHENETHYL ALCOHOL, SODIUM HYALURONATE, BIOSACCHARIDE GUM-1, LEUCONOSTOC/RADISH ROOT FERMENT FILTRATE, BENZOIC ACID, SODIUM LEVULINATE, GLYCERYL CAPRYLATE, CALCIUM GLUCONATE, SODIUM ANISATE, GERANIOL, CITRONELLOL, CITRAL.

     

     

  • OIL-PLEX / ШАМПОН ЗА ФАРБАНА И ОШТЕТЕНА КОСА - 270 МЛ.

    Код на производ: 4743318101392

    ЗАЈАКНУВАЊЕ • СЈАЈНОСТ
    КИНЕСКА ШИСАНДРА • ЕКСТРАКТ ОД ЗЛАТЕН КОРЕН • ЕКСТРАКТ ОД ОСКОРУША

    Благодарение на плодните вулкански почви и идеалните климатски услови, дури и најобичните растенија на Сакалин островот, содржат неверојатно корисни својства. Поради рекордната содржаност на витамин Ц и Е, Кинеска шисандра, која расте на Сакалин, ефективно ја зајакнува и заштитува косата, спречувајќи го нејзиното опаѓање. Овој шампон кој содржи органски екстракти од Кинеска шисандра, златен корен, оскоруша, и oil-complex, нежно чисти и заштитува фарбана коса, додека го одржува изгледот сјаен и енергичен.

    97,9% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS NATURAL

     

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на косата и нежно масирајте. Оставете го да делува 2-3 минути, потоа исплакнете.

     

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, SODIUM COCO-SULFATE, DECYL GLUCOSIDE, COCAMIDOPROPYL BETAINE, SODIUM CHLORIDE, SCHIZANDRA CHINENSIS EXTRACTʷʰ *, RHODIOLA ROSEA ROOT EXTRACT*, SORBUS AUCUPARIA FRUIT EXTRACTʷʰ *, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT OIL*, AMARANTHUS SPINOSUS SEED OIL*, PINUS SIBIRICA SEED OILʷʰ *, CORISPERMUM SIBIRICUM FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, HESPERIS SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, LAMINARIA ANGUSTATA EXTRACTʷʰ *, PETASITES JAPONICUS LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, CALENDULA OCINALIS FLOWER EXTRACT*, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, GUAR HYDROXYPROPYLTRIMONIUM CHLORIDE, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL.

     

    (* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од Сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)

     

  • TAIGA SPA / ПИЛИНГ ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ – 200 МЛ.

    Код за нарачка: 4743318118390

    ЧИСТЕЊЕ • ЕКСФОЛИЈАЦИЈА
    ДИВА ОСКОРУША • СИБИРСКИ ЖЕНШЕН

    Островот Сахалин е еден од најмистериозните и недостапни сибирски региони. Дивите растенија  што се наоѓаат на Сахалин,збогатени со моќни својства, го пробиваат мразот и растат под снегот.

     

    На органската фарма на Natura Siberica, се добиваат екстракти од овие растенија кои имаат неверојатни лековити и регенерирачки својства за кожата и косата.

    ТАИГА СПА гел за туширање исполнет со честички за чистење, содржи екстракт од дива Оскоруша и екстракт од Сибирски Женшен, нежно ја чисти, ексфолира и ја оживува вашата кожа, оставајќи пријатна арома.

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете мала количина на влажна кожа, рамномерно распоредена по телото и нежно масирајте. Исплакнете со топла вода.

     

  • POLAR ROSE / ХИДРАТАНТЕН ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ – 400 МЛ.

    Код за нарачка: 4743318118345

    ЧИСТЕЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
    АРКТИЧКА РОЗА • МАСЛО ОД АМАРАНТ • АРКТИЧКА МАЛИНА

    Поларен гел за туширање од роза, кој содржи див екстракт од арктичка роза и органско масло од амарант, нежно чисти, обезбедува долготрајна хидратација во текот на денот, ја остава вашата кожа мазна и нежна на допир.

    Камчатка е периферен регион , богат со биолошка разновидност, благодарение  на изобилството термални извори и вулкански минерали. Со повеќе од 1.200 видови на растенија, од кои многу од нив може да се пронајдат само на овој регион. На органската фарма на Natura Siberica,  се извлекува моќта на овие вредни растенија на внимателен начин одржувајќи ја рамнотежата и хармонијата на природата.

    98% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на влажна кожа со дланките или со помош на сунѓер и масирајте до појавување на пена. Потоа темелно исплакнете.

    СОСТОЈKИ (INCI): AQUA, SODIUM COCO-SULFATE, GLYCERIN, DECYL GLUCOSIDE, SODIUM CHLORIDE, COCAMIDOPROPYL BETAINE, NOVOSIEVERSIA GLACIALIS EXTRACTʷʰ *, AMARANTHUS SPINOSUS SEED OIL*, CORISPERMUM SIBIRICUM FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, PINUS PUMILA NEEDLE EXTRACTʷʰ *, RUBUS ARCTICUS FRUIT EXTRACTʷʰ *, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT*, SAPONARIA OFFICINALIS ROOT EXTRACT*, CREPIS SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, SALVIA OFFICINALIS LEAF EXTRACT*, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, LIMONENE.

    (* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од Сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)

     



  • TUNDRA FLOWERS / РЕЛАКСИРАЧКИ ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ – 400 МЛ.

    Код за нарачка: 4743318118369

    ЕЛАСТИЧНОСТ • ТОНИРАЊЕ
    ВРБОЛИКА • ЗЛАТЕН КОРЕН

    Поларен гел за туширање од вредни органски екстракти и масла од сибирски растенија од органските фарми на Natura Siberica. Екстрактот од Врболика од Камчатка и органскиот екстракт од Златен корен, овозможуваат еластичност на кожата, ја тонираат и навлажнуваат, оставајќи ја мазна и кадифена на допир.

    Камчатка е периферен регион , богат со биолошка разновидност, благодарение  на изобилството термални извори и вулкански минерали. Со повеќе од 1.200 видови на растенија, од кои многу се единствени за регионот. 

    На органската фарма на Natura Siberica,  се извлекува моќта на овие вредни растенија на внимателен начин одржувајќи ја рамнотежата и хармонијата на природата.

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на влажна кожа со дланките или со помош на сунѓер и масирајте до појавување на пена. Потоа темелно исплакнете.

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, SODIUM COCO-SULFATE, GLYCERIN, DECYL GLUCOSIDE, SODIUM CHLORIDE, COCAMIDOPROPYL BETAINE, EPILOBIUM ANGUSTIFOLIUM EXTRACTʷʰ *, RHODIOLA ROSEA ROOT EXTRACT*, VACCINIUM VULCANORUM FRUIT EXTRACTʷʰ *, USNEA BARBATA EXTRACTʷʰ *, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, SAPONARIA OFFICINALIS ROOT EXTRACT*, RUBUS ARCTICUS FRUIT EXTRACTʷʰ *, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT*, HESPERIS SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ *, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL.

    (* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од Сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)

     

     

  • SOPHORA JAPONICA / PORE MINIMISING СЕРУМ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОРИ ЗА МРСНА И КОМБИНИРАНА КОЖА - 15 МЛ.

    Код за нарачка: 4743318118963

    МАТ ЕФЕКТ • ПРОЧИСТУВАЊЕ
    ХАКАШКА СОФОРА • МАСЛО ОД СИБИРСКИ БОР • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

    Овој органски серум, наменет за мрсна и комбинирана кожа е базиран на органски хидролат од Хакашка софора. Одличен е за намалување на порите на лицето, дава мат ефект и го враќа чувството на перфектно чиста и негувана кожа.

    Хидролат е коктел од концентриран витамин и микроелемент добиени од растенија преку процес на  дестилација. Производите за лице, базирани на хидролати, овозможуваат интензивна нега, оставајќи ја кожата мека и свиленкаста. Хакашката софора, рачно набрана во дивината, содржи алкалоиди и флавоноиди, и висока концентрација на витамин П. Органскиот хидролат од Хакашка софора помага да се регулира балансот на липидната бариера и ги минимизира порите. Органското сибериско масло од бор, е уникатен природен извор на полинезаситени масни киселини, витамин Е и Ф, кои што ја потхрануваат и омекнуваат кожата. Хиалуронската киселина длабински ја хидрира кожата, и ги подобрува нејзината затегнатост и еластицитет. Витаминот Е е моќен антиоксидант кој помага да се успори процесот на стареење на кожата.

    20,1% состојки од органско потекло

    98,6% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете мала количина на чиста, сува кожа. За подобар резултат, проследете со дневна или ноќна крема.

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ*, GLYCERIN, XANTHAN GUM, SOPHORA FLAVESCENS WATERʷʰ ʰ*, SALVIA OFFICINALIS LEAF EXTRACTʷʰ*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, DASIPHORA FRUTICOSA EXTRACTʷʰ*, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACТʷʰ*, ANGELICA ARCHANGELICA ROOT EXTRACTʷʰ*, AQUILEGIA SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ*, SCHIZANDRA CHINENSIS EXTRACTʷʰ*, PINUS SIBIRICA SEED OILʷʰ*, SODIUM HYALURONATE, ZINC PCA, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDES, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, POLYGLYCERYL-6 OLEATE, SODIUM SURFACTIN, CARRAGEENAN, CELLULOSE GUM, TOCOPHEROL, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, DEHYDROACETIC ACID, POTASSIUM HYDROXIDE, CITRIC ACID, PARFUM, LINALOOL, LIMONENE, CITRONELLOL.

    (* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од Сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)