

Сет Трпезариска маса + 4 столици TOSCANA
Компактен и практичен трпезариски сет во атлантик боја, кој внесува топол, природен изглед и уреден стил во секоја кујна или трпезарија. Сетот се состои од трпезариска маса Toscana со чист и модерен дизајн, која создава удобен простор за секојдневни оброци и дружења, и 4 столици Julita PP во бела боја со природни ногарки, кои обезбедуваат стабилност, удобност и издржливост при секојдневна употреба.
Спецификации: Сет составен од трпезариска маса Toscana и 4 столици Julita PP. Маса: боја Атлантик, изработена од висококвалитетна оплеменета иверица 16 мм и оков, заштитена со ПВЦ кант трака 0,8 мм, материјали сертифицирани според E1 стандарди. Столици: грб и столче од полипропилен (PP) 1900 g/m³ (100% рециклиран материјал), со 4 зајакнати букови дрвени ногарки со метални спојки и заштитни пластични капаци на краевите за заштита на подот. Максимална носивост на столицата: 120 кг.
Димензии на производот: Маса: Должина: 80 см, Ширина: 80 см, Висина: 75 см. Столица: Должина: 46 см, Ширина: 50 см, Висина: 82 см, Висина на столчето: 47 см.
Информации за материјалите: Масата е изработена од првокласна оплеменета иверица со дебелина од 16 мм, заштитена со ПВЦ кант трака 0,8 мм, што обезбедува цврстина и долготрајна употреба. Столиците се изработени од полипропилен (PP) и буково дрво, со метални спојки за дополнителна стабилност и сигурна поддршка.
Упатства за одржување: Чистете со мека и сува или благо навлажнета крпа, користејќи благ детергент. Избегнувајте агресивни хемикалии и абразивни средства; по чистење, избришете со сува мека крпа и избегнувајте продолжено изложување на влага.
Напомена: Производите се испорачуваат расклопени, во фабричко пакување, со комплет и упатство за лесно склопување. Нијансата на бојата може минимално да отстапува од приказот на екранот.
Недостигаат уште 8000 денари до попуст од 2.000 денари - додадете уште нешто во кошничката.
Супер! Го исполнувате условот за 2.000 денари попуст!