Достава и начин на плаќање
Цената на доставата на проиводите е во зависност од типот на производот кој го нарачувате и е според тарифникот на доставната служба со која Друштвото има склучено договор.
Цената на чинење на доставата ја добивате при извршување на нарачката на нашата веб страна во делот “Кошничка“. Доколку нарачката ја правите преку порака на нашите Facebook или Instagram фан страни ќе бидете известени преку порака. Во случај нарачката да ја правите телефонски, операторите од Контакт центарот ќе Ве известат за цената на доставата.
Доставата се врши на цела територија на Република Северна Македонија и цената на чинење за секој производ е иста без разлика на локацијата на која се доставува. Доставата се врши секој работен ден од 9 до 17часот. Пред да се достави пратката доставувачот е должен да Ве контактира на дадениот телефон за да Ве извести за доставата и да се договорите за времето и/или евентуалната промена на локацијата за достава.
При вршење на нарачката на нашата веб страна може да го изберете начинот на плаќање, а тоа е:
- Со кредитна или дебитна картичка од брендовите Visa, Maestro или Mastercard
- Со Diners клуб картичка(во целост или на рати)
- Преку Iute кредит со аплицирање преку формата за апликација
- Во готово при достава
При вршење на нарачката телефонски или преку нашите Facebook или Instagram фан страни опцијата за плаќање е само во готово при достава.
При плаќање со платежна картичка се внесуваат следните податоци: име, презиме, број на картичка, CVV, месец и година, овие податоци се внесуваат во системот на НЛБ Банка АД Скопје и Паблик Медиа-Вирал ДОО, Скопје нема пристап до истите.
За правни лица нудиме профактурно плаќање.