Мени

Мебел

Декор

Новогодишни украси

HoReCa Мебел

Расветни тела

Текстил

Теписи и подна декорација

BOHO CHIC

Се за кујна

Канцелариски мебел

Двор и градина

Игри и забава

Спорт и рекреација

Домаќинство

Санитарија

Правила за заштита на личните податоци

Со потврдување на Вашата нарачка се согласувате Контролорот ПАБЛИК МЕДИА-ВИРАЛ ДОО, Скопје да изврши прибирање, чување, обработка и пренос на Вашите лични податоци и тоа: Име и презиме, телефон за контакт, адреса за достава и опционално електронска пошта.

1. Обработка на податоци

Контролорот ќе го врши прибирањето, чувањето, обработката и преносот на личните податоци на законски начин, согласно одредбите и начелата на Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ бр.40/20), заради:
- исполнување на договорна обврска – достава на нарачаниот производ,
- идни маркетинг цели.

Преносот на личните податоци може да се врши на сервери кои исполнуваат високи технички стандарди на безбедност и заштита на електронски системи и кои може да се наоѓаат во Република Северна Македонија или во странски земји кои ги исполнуваат соодветните критериуми согласно закон и врз основа на одобрение на Агенцијата за заштита на личните податоци.

2. Права на субјектот на личните податоци

Имате право:
- да извршите увид во Вашите лични податоци,
- да побарате измена на податоците,
- да побарате бришење на Вашите лични податоци од нашата база.

Овие права може да ги остварите со поднесување барање преку:
- е-пошта: contact@akcija.com.mk
- телефон: 075/330-699
- контакт со Офицерот за заштита на лични податоци – Маријана Димоска, е-пошта: marijana.dimoska@akcija.com.mk, телефон: 078/353-677

3. Нарушување на безбедноста

Согласно член 38 од Законот за заштита на личните податоци, Контролорот ќе Ве извести за секое нарушување на безбедноста кое може да доведе до прекршување на Вашите права како субјект на лични податоци.

4. Рок на чување на податоците

Контролорот ќе ги чува Вашите лични податоци 1 (една) година од последната нарачка.
Доколку производот подлежи на гарантен рок подолг од 1 година, податоците ќе се чуваат за целото времетраење на гаранцијата, заради остварување на Вашите законски права кои произлегуваат од неа.

×
Додадено во кошничка
0 ден.
nan% Попуст

Останати

Немате продукти во кошничката
Вкупно:
0 ден.

Достава:
0 ден.

ЗА НАПЛАТА:
0 ден.

Време за достава:
5 дена

Нема соодветна количина од овој продукт