Враќање на производ
Враќање на исправен производ на барање на купувачот
Враќање на нарачан производ може да се изврши во рок од 14 дена од приемот на пратката. Производот ќе биде прифатен САМО И ИСКЛУЧИВО доколку е во оригиналното пакување и на истиот нема видливи оштетувања.Доколку производот кој се враќа е облека, истиот НЕ СМЕЕ да биде перен, носен или пеглан. Доставата при процес на враќање на исправен производ, а на барање на купувачот, е на сметка на купувачот.
Доколку производот кој се враќа е мебел, истиот МОРА да биде во оригиналното пакување, без видливи или стуктурни оштетувања и знаци на употреба и истиот не смее да биде склопуван. Доставата при процес на враќање на исправен производ, а на барање на купувачот, е на сметка на купувачот.
Доколку производот кој се враќа е електричен апарат, ТВ уред или било кој друг тип на производ кој во себе содржи електрични и/или електронски компоненти, МОРА да биде во оригиналното пакување, со сите свои делови и во исправна и функционална состојба. Доставата при процес на враќање на исправен производ, а на барање на купувачот, е на сметка на купувачот.
Без разлика на начинот на плаќање, рефундацијата на средства при враќање на производ се врши САМО И ИСКЛУЧИВО на трансакциската сметка на нарачателот.
Враќање и рекламации на производи – Akcija24.mk
Враќање на производ е можно во случаи на фабричка маана, оштетување при транспорт или кога производот не соодветствува на нарачката. Рекламации за исправноста на производите се прифаќаат исклучиво во рок од 12 часа од моментот на прием на пратката, според времето наведено на доставницата. Доколку забележите фабрички оштетувања, оштетувања при пакување или транспорт, или некомплетен производ, ве молиме веднаш да нè контактирате на телефон 02/15003, секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот. За валидна рекламација се смета телефонско известување, како и испратени фотографии и/или видео од оштетениот производ на е-пошта contact@akcija.com.mk или преку порака на нашата Facebook страна.
Доколку рекламацијата е испратена надвор од работно време, ќе се смета за уредна доколку содржи фотографија од адресницата како доказ за прием, како и фотографии и/или видео од оштетувањето. Рокот за обработка и решавање на рекламација е од 30 до 60 дена, во зависност од комплексноста на случајот. Производ може да се врати во рок од 14 дена од приемот, при што мора да биде во оригинално пакување, без видливи оштетувања или знаци на користење. За мебел дополнително важи дека производот мора да биде во оригинално пакување, не смее да биде склопуван и мора да биде без оштетувања или траги на користење. Akcija24.mk ги покрива трошоците за враќање или замена само доколку производот има фабричка грешка, е оштетен при транспорт или не одговара на нарачката. Сите производи имаат исклучиво фабричка гаранција. Без разлика на начинот на плаќање, рефундацијата се врши исклучиво на трансакциска сметка на нарачателот, а доколку постои фискална сметка, истата задолжително мора да биде приложена при процесот на рефундација.