Правила за добивање и користење на 20% Cashback ваучери
Секој купувач кој ќе креира нарачка на страната www.akcija24.mk, во периодот од 20-ти до 31-ви мај 2024-та година со вредност повисока од 3000 денари и истата ќе ја плати со кредитна или дебитна картичка од било која банка ќе добие ваучер во вредност од 20% од направената нарачка.
Пример: Вредност на нарачка – 10.000 денари, вредност на ваучер – 2.000 денари.
Ваучерите треба да се искористат во периодот од 01.06.2024 до 31.08.2024.
Ваучерот може да се искористи за сите производи и/или комбинации на производи достапни на www.akcija24.mk, без разлика на цената и типот на производот.
Вредноста на ваучерот може да биде најмногу 20% од вредноста на нарачката.
Ваучерот може да се искористи при едно купување, доколку не се искористи во целост, останатите средства не се рефундираат и не може дополнително да се искористат.
Ваучерот не може да се замени за пари.
Ваучерот може да го искористи само лицето кое го добило.