Мени

Мебел

Детски мебел

Кревети

Дневна Соба

Спална Соба

Трпезарија и Кујна

Декор

Новогодишни украси

HoReCa Мебел

Расветни тела

Текстил

BOHO CHIC

Теписи и подна декорација

Се за кујна

Канцелариски мебел

Двор и градина

Игри и забава

Спорт и рекреација

Домаќинство

Санитарија

Како опремив цел стан преку Akcija24 - Интервју со Филип

01.01.1970

 

Филип има 29 години, живее во Скопје и работи како графички дизајнер. 

Изминатава година конечно се всели во свој стан од 48 квадрати и се одлучи да купува мебел онлајн, па го опреми станот целосно преку Акција24. 

Зборувавме со него за искуството од почетокот, без филтри.

 

Почетокот

Akcija24: Кажи ни малку за станот и како планираше да го опремуваш. 

Филип: 

„Здраво, станот е во Карпош, 48 квадрати, на 9-ти спрат, има дневна со кујна, спална, бања, тераса и ходник. Кога конечно ги добив клучевите, беше празен. 

Мислам, имав каде да импровизирам со облека и лаптоп, но решив да бидам уште под ќирија додека не го опремам да биде целосно вселив.“

Значи, ми беше потребно сè од нула: кревет, душек, гарнитура, ТВ комода, трпезариска маса, столици, биро за работа... 

Кога ја направив листата на се што ми треба, ме фати паника дека треба цел месец да трчам по салони и мајстори. Изгледаше скапо и комплицирано.“ 

 

Зошто онлајн?

Akcija24: Така, значи, ова те наведе да бараш мебел онлајн наместо по салони?

Филип: 

„Па искрено? Да, а можеби и ме фати мрза.

Не, едноставно немам време. Јас работам за фирма и како фриленсер, врзан сум со рокови, и го немам тој луксуз да трчам по салони низ Скопје, дури ни за викенди. 

А и бидејќи работам онлајн, можев на паузите да ги вртам страниците и да пикирам кое парче мебел ми се допаѓа за пет минути, без да треба да возам и да трошам време.“

 

Akcija24: Добро, пред да се одлучиш, дали имаше некое двоумење?

Филип: 

„Па да, искрено, имав, особено за софата и креветот. Нели, треба да седиме таму со гости, а исто така и за спиењето ми е клучно, тоа треба да е удобно. 

Исто, и кога сме купувале од салон претходно, сме одлучувале за две минути. 

Така да, одлуката беше брза, квалитетот е тој, а и политиката за враќање додатно ми даде сигурност дека можеме и да замениме нешто.“

 

Процесот

Akcija24: Супер, и, како дојде до Akcija24?

Филип: 

„Па, преку Google. Барав „кревети Македонија" или нешто слично, не се сеќавам точно. Akcija24 излезе меѓу првите резултати. 

Влегов, видов дека имате голем избор, редовни попусти, и дека цените се разумни, па почнав да ги разгледувам и другите категории.“

 

Akcija24: Што сè нарача на крај?

Филип: 

„Многу работи, речиси сѐ. 

Значи, кревет со душек. ТВ комода. Мала гарнитура, софа, двосед, фотелја. 

После, клуб масата, трпезариска маса со четири стола, па бирото за работа со столицата, две полици, како и комода за во спалната, плакарче за спалната и за бањата, и фиокар за во ходникот. 

Значи, практично цел стан го опремив од кај вас. “

 

Akcija24: Сето ова го нарача одеднаш или постепено додека го опремуваше просторот?

Филип: 

„Искрено, сакав прво да пробам со две три нарачки пред да потрошам повеќе пари, знаете како е. 

Први приоритети ми беа креветот и софата, сакав да имам каде да спијам и да седам. 

Откако стигнаа и ги монтиравме, се уверив во квалитетот на понудата, и за две недели ја порачав трпезариската маса, бирото, и столиците. 

На крајот завршивме со комодата, фиокарот, плакарите и полиците. 

Сума сумарум, за месец дена го опремив цел стан.“

 

Очекувања vs реалност

 

Akcija24: Добро, кога стигна првата нарачка, какви ти беа впечатоците?

Филип: 

„Да бидам искрен, бев малку нервозен како ќе биде, особено за софата, таа е голема, и ќе беше тешко за враќање ако не ми се допаднеше. 

Сепак, ја наместивме и е и повеќе од океј. Бојата беше како на сликите, големината одговара на димензиите во просторот кои ги мерев претходно, и е многу удобна. 

Немав некое изненадување и околу креветот, беше во рамките на очекувањата.“

 

Akcija24: Имаше ли нешто што не беше како што треба?

Филип: 

„Па добро, имаше една работа. Едната од столиците од трпезарискиот сет малку се клатеше или слично, но ви пишав веднаш и ја заменивме. 

Без проблем, без расправии „видено-купено“. 

Доста коректно се однесувавте и тоа е за пофалба, јасно ми е дека грешки може да има секаде, важно е како ќе ги решиме.“

 

Akcija24: Да, затоа сме овде како тим! Кое ти е омилено парче мебел од сè што купи до сега?

Филип: 

„Мене лично, бирото и работната столица. Знам дека звучи како клише, но како графички дизајнер, јас работам и од дома и од канцеларија. 

Може да се рече дека некои денови поминувам и повеќе од 8 часа пред монитори. 

Затоа ми беше важно да имам добар работен агол дома, а столицата и бирото кое ги купив од кај вас се ергономски одлични за мојот вид на работа.“

 

Финансии

Akcija24: Ако не е премногу лично, колку те чинеше да го опремиш целиот стан преку Акција24?

Филип: 

„Не, воошто не е лично и нема што да кријам. Напротив, сакам да им помогнам и на другите. Вкупно, целосното опремување ме чинеше околу 85.000 денари за сè. 

Кревет со душек, гарнитура, ТВ комода, трпезарија со столици, биро, столица, комода, плакари, фиокар, и полици.

Јас искрено, мислев дека ќе ми требаат и многу повеќе пари, особено кога почнав да гледам веб страници на „фенси“ салони и брендови. 

Да, таму една фотелја може да ме чини колку пола буџет, но кај вас, најдов квалитет за разумна цена. Не е ИКЕА, но не е ни прескапо. Го имавте тоа што ми требаше.“



За другите

Akcija24: Што би им порачал на оние кои веќе размислуваат да купат мебел онлајн за прв пат?

Филип: 

„Па, би порачак дека воглавном две работи треба да се најважни пред да купите мебел онлајн:

Значи прво, мерете го просторот неколку пати, запишете ги димензиите, и споредувајте со она што го гледате онлајн. 

Немојте да мислите дека нешто ќе биде тамам однапред. 

И второ, не плашете се, 2026-та сме. Знам дека онлајн купувањето звучи ризично, особено за мебел, но со одбран квалитет и понуда, како и правила за враќање на производот, имате намален ризик.“

 

Akcija24: Дали би купил повторно преку Akcija24?

Филип: 

„Паа, веќе и купив, и пак планирам да купам кога ќе ми биде потребно. Пред една недела ми требаше уште една полица за книгите. 

Не ни размислував каде да одам, влегов директно на Акција24, ми стигна за три дена.“

 

Akcija24: Ако можеш, како би го опишал искуството со Акција24 во три збора? 

Филип: 

„Едноставно. Коректно. Исплатливо.“

 

Му благодариме на Филип што го сподели своето искуство со нас.

Ако и вие сте опремиле дом преку Akcija24 и сакате да ја споделите вашата приказна, контактирајте не на contact@akcija.com.mk

 

ЗАПОЧНИ ГО ТВОЕТО ОПРЕМУВАЊЕ →

 

Прашања? Јави се на 075 330 699 или пиши на contact@akcija.com.mk

 

×

Недостигаат уште 6.000 ден. до ваучер од 1.000 ден. - додадете уште нешто во кошничката.

1.000 ден. 6.000 ден.
2.000 ден. 12.000 ден.
Додадено во кошничка
0 ден.
0% Попуст

Во кошничка

Немате продукти во кошничката
Вкупно:
0 ден.

Достава:
0 ден.

ЗА НАПЛАТА:
0 ден.

Време за достава:
5 работни денови

Нема соодветна количина од овој продукт